Вашингтон: Соединетите Држави ќе ја подржат декларацијата за независност на Косово

Соединетите Држави ќе ја поддржат декларацијата на косовскиот народ за незвисност, доколку во Советот за безбедност на Обединетите Нации не биде усвоена нова резолуција. Ова, како што јавува Асошиетед прес, го изјавил американскиот државен потсекретар Николас Бернс на синоќешната расправа пред Советот за надворешни односи во Вашингтон. Сепак, тој изразил надеж дека нова резолуција ќе биде усвоена и оти дури потоа ќе уследи признавањето на Косово. Соединетите Држави, според Бернс, се на став дека независноста е единствена опција за Косово. Бернс ќе учествува на денешната седница на надворешно политичкиот комитет на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес на која ќе се расправа за Косово.