Вашингтон: Конгресот ќе расправа за предлог резолуцијата за Косово

Горниот дом на американскиот Конгрес, Сенатот ќе расправа за предлог-резолуцијата за Косово, со која се препорачува американскиот претседател Џорџ Буш да ја поддржи контролираната независност на покраината. Предлогот на сенаторите Џозеф Либерман, Џозеф Бајден, Џон Мекејн и Гордон Смит е Соединетите држави да извршат притисок врз Советот за безбедност на Обединетите нации што побрзо да биде усвоена нова резолуција за Косово. Четворицата сенатори воедно ги предупредуваат косовските Албанци дека иднината на Косово во најголема мера зависи од успехот при исполнувањето на демократските стандарди поврзани за човековите права, владеењето на законот и заштитата на малцинствата. Резолуцијата нема обврзувачки карактер и е во согласност со предлогот на специјалниот пратеник на Ообединетите нации Марти Ахтисари.