Ерусалим: Ден на сеќавање на Холокаустот

Во Израел денеска се одбележува Денот на сеќевање на Холокаустот, односно егзекуцијата на околу 6 милиони евреи за време на Втората Светска Војна. Точно во 9 часот се огласија сирените, сообраќајот беше запрен и им беше оддадена почит на загинатите. Во Полска, илјадници млади се собраа на традиционалниот марш во еден од најсмртоносните нацистички логори Аушвиц – Биркенау. Само во тој логор биле убиени над еден милион евреи.