Пекинг: Започна продажбата на билети за Олимписките игри

Организаторите на Олимписките игри што следната година ќе се одржат во Пекинг ја започнаа продажбата на околу седум милиони билети. Според шефот на кинескиот организационен комитет, билетите ќе се продаваат на најотворен можен начин, а Комитетот очекува да „инкасира“ 140 милиони долари.