Багдад: Десетици луѓе загинаа во два одвоени бомбашки напади во Ирак

Во два одвоени бомбашки напади во Ирак денеска загинаа десетици луѓе. Во експлозија на автомобил бомба пред автобуска станица во Карбала во близина на Имам Хусеин Џамијата загинаа 37 лица а 40 тина се ранети. Во меѓувреме во Багдад на мост во јужниот дел на градот експлодира автомобил бомба прио што загинаа најмалку 8, а ранети се 11 лица. Ова е втор напад на мостовите во Багдад во изминативе два дена.