Багдад: Најтешки борби од февруари годинава

Во главниот град на Ирак Багдад вчера биле водени најтешки борби од почетокот на безбедносната операција предводена од американските сили во февруари годинава. Четворица ирачки војници загинале, а 16 американски биле ранети во целодневните битки, при што биле убиени и тројца вооружени бунтовници. Во меѓувреме, во Мукдадија, северно од Багдад, жена бомбаш самоубиец убила 16 луѓе кои чекале ред за регрутација во полицијата.