Лондон: Иранскиот амбасадор во Лондон бара британски одговор со добра волја

Иранскиот амбасадор во Британија Расоул Мовахедиан побара од Лондон да одговори со добра волја на потегот на Техеран кој деновиве ги ослободи петнаесетте британски маринци. Амбасадорот вели дека Британија треба да го искористи своето влијание кај американците за да ги ослободат петтемина иранци кои се во затвор во Ирак.