Рамади: 15 загинати во експлозија на бомба

Во експлозија на бомба во Рамади загинаа 15 лица а беа ранети 30 тина. Рамади е упориште на сунитските напаѓачи и база на операциите на Ал Каеда во Ирак. во Диџала северно од Багдад пак, денеска загина еден американски војник а двајца се ранети во експлозија на бомба во близина на нивното возило соопшти американската команда. Според податоците на Пентагон, од почетокот на инвазијата врз Ирак во март 2003 загинаа 3 илјади 262 американски војници.