Киев: Седница на Советот за национална безбедност

Украинскиот претседател Виктор Јушченко денеска на итна седница го свика Советот за национална безбедност во врска со политичката криза во земјата предизвикана по неговата одлука да го распушти парламентот и да рапише предвремени избори. Неговиот ривал премиерот Виктор Јанукович побара парламентот да ја продолжи работата. Стотици луѓе кои се против одлуката на Јушченко веќе трета ноќ кампираат пред парламентот во Киев.