Приштина: Собранието треба да усвои декларација за подршка на планот на Марти Ахтисари за Косово

Собранието на Косово за денеска закажа вонредна седница на која единствена точка на дневен ред е ,,усвојување на декларација за подршка на планот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари за идниот статус на Косово.“ Минатата недела координаторите на пратеничките групи од најголемите политички партии најавија дека Собранието со посебна декларација ќе го подржи предлогот на Ахтисари, како единствено можно реално решенија за косовскиот статус.