Техеран: Ирански и британски дипломати започнале разговори за 15-те заробени британски војници

Ирански преставници соопштија дека ирански и британски дипломати започнале директни разговори за 15 те заробени британски војници. Секретарот на иранскиот Врховен Совет за Национална безбедност Али Лариџани изјави тоа е прв чекор за решавање на оваа криза која ,според него, може да се реши на дипломатски начин. Од Британскиот форин офис со коментар дека го делат мислењето на Лариџани за дипломатско решение за заробените војници.