Вашингтон: САД одбиваат договор за размена на 15-мината британски маринци

Официјален Вашингтон отфрли каков било договор за размена на 15-мината британски маринци за 5-мината иранци заробени во Ирак во јануари. Соединетите Држави и Европската Унија повторно го повикаа Иран веднаш и безусловно да ги ослободи британските маринци, оценувајки дека нивното апсење пред една недела претставува кршење на меѓународното право.