Лисабон: Посета на македонскиот премиер Никола Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски престојува во еднодневна посета на Португалија. Предвидено е тој да разговара со португалскиот државен врв, а министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која е во составот на македонската делегација во Лисабон да го презентира новиот македонски биометриски пасош.