Рим: Посета на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Рим. Шефот на македонската дипломатија покрај средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Италија Масимо Д’Алема, ќе се сретне и со повеќе други италијански претставници. Билатералните односи, процесот на евроатлантската интеграција на Македонија, како и ситуацијата во регионот ќе бидат теми на кои министерот Милошоски ќе разговара со своите соговорници.