Техеран: Започна испитувањето на 15-те британски морнари

Иран го започнал испитувањето на уапсените петнаесет британски морнари. Заменик шефот на иранската дипломатија Мехзи Мустафави изјави дека Иран ќе донесе одлука што да прави со нив откако ќе утврди дали морнарите влегле намерно или ненамерно во иранските територијални води. Британците биле заробени во петокот.