Берлин: ЕУ треба да формира заедничка армија, изјави Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел оцени дека Европската Унија треба да направи чекор напред со формирање заедничка армија. Овој став на Меркел доаѓа пред собирот на лидерите на земјите членки на Унијата во Берлин за време на престојниот викенд, кога ќе се одбележува 50-годишнината од римскиот договор. Предвидено е усвојување декларација во која ќе бидат наброени досегашните постигнувања на Европската Унија, како и целите за наредниот период.