Москва: Статусот на Косово тема на разговорите меѓу српски и руски владини претставници

Владина делегација на Србија престојува во посета на Москва на средби со претставници на рускиот парламент и на владата. Претседателот на Думата, Борис Гризлов изјавил дека преговорите за статусот на Косово треба да продолжат и оти секое решение треба да биде усогласено со Србија. Тој оценил и дека Марти Ахтисари го игнорирал ставот на Белград и се фокусирал врз суверенитетот на Косово.