Багдад: Ирачката влада блиску до договор за некои од напаѓачките групи за заедничка борба

Ирачката влада е блиску до договор со некои од напаѓачките групи за заедничка акција против Ал Каеда, јавија агенциите. Истовремено ирачки и американски трупи претресувале куќа по куќа во Западен Багдад при што притвориле 31 осомничено лице и празнеле контејнери со токсични хемикалии, меѓу кои и хлорин. Напаѓачите во неколку напади користеа хлорин оваа година.