Скопје: Собранието ја продолжува 34-та седница

Собранието на Република македонија денеска ќе ја продолжи 34-та седница на која на дневен ред се повеЌе предлог закони од економската сфера, од областа на локалната самоуправа, правото, образованието, како и ратификации на договори и конвенции. Вчера , во рамките на истата седница беше донесен законот за изменување и дополнување на законот за социјална заштита.