Тирана: Ако Русија стави вето, косовскиот парламент ќе прогласи независност

Албанија не гледа со песимизам на заканата дека Русија би можела во Советот за безбедност да стави вето за независноста на Косово, бидејќи во таков случај Приштина ќе го следи патот на Македонија. Ова го изјави претседателката на албанскиот парламент Јозефина Топали во интервју за полскиот весник Газета Виборча. ,,Ако дојде до вето, косовскиот парламент ќе прогласи независност, онака како што се случи со Македонија,, изјави таа. Според неа, европските политичари биле скептични и тврделе дека Македонија е вештачка творба, но таа опстанала и сега и добро.