Хавана: Фидел Кастро почнал да учествува во донесувањето одлуки

Кубанскиот претседател Фидел Кастро кој неколку месеци заздравува од тешката операција, почнал да учествува во донесувањето одлуки и наскоро пак ќе биде активен во врвот на власта. Ова синоќа во Хавана го изјави министерката за индустрија Јадира Гарсија. Според некои најави Кастро би можело повторно да се појави во јавноста кон крајот на идниот месец во Хавана на состанокот на претседателите на Венецуела, Куба, Боливија и Никарагва.