Техеран: Иран има право на нуклеарна енергија, изјави Махмуд Ахмадинеџад

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад повтори дека неговата земја има право да поседува нуклеарна енергија и оти Западот мора да и го признае тоа. Во телевизиското обраќање по повод Персиската Нова Година Ахмадинеџад го обвини Западот дека со филм се обидува да ги портретира иранците како дивјаци. Агенциите претпоставуваат дека станува збор за филмот Триста за битката меѓу спартанците и персисијците во четиристотини и осумдесетата година пред нашата ера.