Скопје: Посета на шефот на турската дипломатија Абдула Ѓул

Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Турција Абдула Ѓул денеска ќе престојува во Република Македонија. Тој ќе се сретне со највисоките претставници на македонските власти, при што ќе биде ставен акцент врз можностите за унапредување на соработката во повеќе области, а особено на економската. Се очекува да бидат разменети мислења и за состојбите на Балканот, на Блискиот Исток, како и во Ирак и Авганистан. Во рамките на посетата предвидено е да биде потпишан меморандум за соработка на центрите за дипломатска обука на министерствата за надворешни работи на двете земји, како и одржување Македонско-турски деловен совет.