Багдад: Најмалку 5 лица загинале при експлозија на автомобил бомба

Најмалку 5 лица загинале, а 17 биле повредени, при денешната експлозија на автомобил бомба во близина на една полициска станица во центарот на Багдад. Во западниот дел на градот, бомбаш самоубиец удрил во воен контролен пункт, при што еден ирачки војник загинал, а уште еден бил повреден.