Неапол: Приведени 200 лица припадници на мафијашка организација

Италијанската полиција рано изутрината во Неапол привела околу 200 лица за кои постои сомневање дека се припадници на мафијашка организација. Портпарол на полицијата изјави дека приведените се осомничени за шверц и дистрибуција на дрога.