Вашингтон: САД соопштија дека ќе и пратат 25 милиони долари на Северна Кореја

Официјално лице на Соединетите Држави соопшти дека околу 25 милиони долари ќе му бидат пратени на Пјонгјанг,а парите како што се очекува треба да бидат искористени во хуманитарна помош. Парите ќе бидат пратени пред последната рунда од шестпартитните разговори кои се наменети на запирање на нуклеарната програма на Северна Кореја. Во разговорите се вклучени Соединетите Држави, Северна и Јужна Кореја, Кина, Јапонија и Русија.