Њујорк: Советот за безбедност ќе ја разгледува состојбата на Косово

Советот за безбедност на Обединетите нации на денешната седница во Њујорк ќе ја разгледува состојбата во Косово. Според најавите, редовниот шестмесечен извештај би требало да го поднесе шефот на УНМИК Јоаким Рикер. На седницата нема да се расправа по предлогот на Марти Ахтисари кој во чевртокот му беше предаден на генералниот секретар на ОН. Рикер пред заминувањето за Њујорк изјави дека извештајот за остварените стандарди на Косово во периодот од ноември минатата до февруари оваа година ќе биде позитивен.