Берлин: Според Меркел, ЕУ мора трајно кон себе да го врзе западен Балкан

Отвореноста треба да остане препознатлив бренд на Европската унија, која трајно за себе мора да со врзува западниот Балкан, смета германскиот канцелар Ангела Меркел. Таа во интервјуто за неколку европски весници дадено по повод 50-тиот „роденден“ што идната седмица ЕУ ќе го прослави во Берлин, вели дека „историјата потврдува дека токму таа отвореност и помогнала на Европа да биде успешна“.