Пјонгјанг: Северна Кореја нема да ја стопира нуклеарната програма до одмрзнувањето на сметките

Севернокорејскиот пратеник на шестпартитните преговори Ким Кие Гван изјави дека неговата земја нема да ја стопира нуклеарната програма се додека Соединетите Држави на ги одмрзнат сметките на Пјонгјанг во Макао банката. Во минатиот месец беше постигнат договор со кој Северна Кореа се обврза да го затвори реакторот во Јонгбион до средината на април во замена на безбедносни гаранции.