Техеран: Махмуд Ахмадинеџад побара да учестува на седницата на Советот за безбедност

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад формално побара да учествува на седницата на Советот за безбедност на која ќе се гласа за новите санкции против Иран поради контроверзната нуклеарна програма. Советот треба да реши дали ова ке го дозволи. Големите сили вчера постигнаа договор за нацрт документот за санкции затоа што Техеран одбива да го запре процесот на збогатување на ураниумот. Гласањето се очекува следната недела.