Скопје: Црвенковски ќе дарува крв

Политичари, личности од естрадата, актери, спортисти, претставници на дипломатскиот кор во земјава и бизнисмени денеска од 11 до 16 часот во Холидеј ин ќе даруваат крв по повод 17 март денот на крводарителството. Меѓу нив крв ќе дарува и претседателот Бранко Црвенковски со чие крводарување ќе почне крводарителската акција која ја организира Црвениот крст на Македонија.