Дамаск: Хавиер Солана во посета на Сирија

Шефот за надворешна политика на Европската Унија Хавиер Солана денеска е во Дамаск, каде што се очекува да побара од претседателот на Сирија, Башар Ал Асад, да превземе мерки против шверцот на оружје на границата со Либан. Во рамките на турнејата на Блискиот Исток, Солана ќе ги посети и Либан и Саудиска Арабија.