Кабул: Најмалку четири лица загинале во експлозија

Најмалку четири лица загинале, а неколку се повредени во експлозијата што се случи во главниот град на Авганистан Кабул. Според полициски извори, притоа се уништени неколку згради. Претставник на полицијата во Кабул изјави дека експлозијата се случила во складиште за барут, додека според други извори, станува збор за автомобил бомба.