Рим: Путин ја завршува посетата на Италија и патува за Атина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја завршува посетата на Италија и вечер ќе отпатува за Атина, каде што ќе се сретне со премиерите на Бугарија и на Грција. Предвидено е трите земји да потпишат спогодба за соработка во изградбата и експлоатацијата на нафтоводот Бургас- Александропулос. Овој нафтовод треба да овозможи руската нафта од пристаништата на Црно Море, преку Бугарија и Грција да се транспортира на пазарите во Европа, САД и во азископацифичкиот регион.