Приштина: Конкурс за државни симболи на Косово

Косовскиот Парламент вчера реши да објави конкурс за државни симоболи односно грб и знаме кој ке трае 30 дена. Забрзување на процедурата побараа и Обединетите Нации поради промените кои се очекуваат со новата резолуција на Советот за Безбедност, изјави членот на претседателството на Косовското Собрание Џавит Халити.