Вашингтон: Даниел Фрид не очекува вето од Русија за планот на Ахтисари за Косово

Заменикот на американскиот државен секретар Даниел Фрид истакна дека не очекува оти Русија ќе стави вето во Советот за безбедност на ОН за планот за статусот на Косово и додаде дека очекува продолжување на досегашната соработка со Русија. Според Фрид, ситуацијата на Косово не е преседан кој би можел да се примени и на други области. Планот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари за косовскиот статус, како што истакнаа од неговата канцеларија, кон средината на неделава треба да биде доставен во Обединетите Нации, додека состанокот меѓу Ахтисари и Советот за безбедност се очекува во април.