Белфаст: ДУИ ќе се запознава со искуството во надминување на тензиите во Северна Ирска

Претставници на партиите од власта и на ДУИ на вчерашната средба ја договорија методологијата и начинот на кои ќе се утврдуваат темите и термините на следните средби и ги почнаа разговорите за листата закони кои треба да се донесуваат со бадинтерово мнозинство. Во меѓувреме делегацијата на Демократската Унија за интеграција предводена од лидерот на партијата Али Ахмети ја продолжува посетата на Велика Британија. По вчерашните средби во британскиот Форин Офис, претставниците на ДУИ отпатуваа за Белфаст за да се запознаат со искуството на Северна Ирска и нејзините политичари во надминувањето на тензиите во оваа британска покраина и за текот на мировниот процес.