Пекинг: За затворање на севернокорејската нуклеарна програма е потребно многу време

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед ел Барадеи изјави дека ќе треба многу време за спроведување на планот за затворање на свернокорејската нуклеарна програма. Ова тој го рече во Пекинг каде што престојуваше на патот за Пјонгјанг. Таму тој ќе разговара за враќање на меѓународните нуклеарни инспектори во Северна Кореа што е во согласност со договорот постигнат во минатиот месец.