Брисел: Схефер предупредува на поделба на НАТО поради американскиот ракетен систем

Генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер предупреди дека предложениот американски одбранбен ракетен систем во Европа се заканува да ја подели Алијансата. Во денешното интервју за Фајненшал Тајмс, Схефер вели дека со таквиот штит ќе бидат покриени само некои европски земји на НАТО, а не и јужните членки, како Италија, Грција и Турција што би можело да биде повод за несогласувања.