Бразил: Буш изјави дека САД не ја запоставуваат Латинска Америка

Американскиот претседател Џорџ Буш, во рамките на турнејата низ земјите на Латинска Америка, вчера во Бразил изјави дека неговата администрација не го запоставува тој континент и оти ќе продолжи да го помага. Од друга страна, претседателот на Венецуела Уго Чавез, кој исто така е во паралелна турнеја низ Латинска Америка, изјави во Аргентина дека Буш е во империјалистичка офанзива. Буш денеска е во посета на Уругвај, а Чавез ќе патува во Боливија.