Багдад: Меѓународна конференција за стабилизација на Ирак

Во Багдад се одржува меѓународна конференција за стабилизација на безбедносната ситуација во Ирак на која учествуваат претставници на земјите од регионот и на членките на Советот за безбедност, меѓу кои и Соединетите Држави, Иран и Сирија. Конференцијата ја отвори ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари, кој изрази надеж дека ова е првиот чекор кој треба да резултира со собир на највисоко ниво во блиска иднина како придонес во стабилизацијата на Ирак. Ирачкиот премиер Нури Ал Малики побара од земјите во регионот да се воздржат од мешање во внатрешните работи на Ирак. Овој состанок е ретка можност и за средба меѓу претставници на Вашингтон и Техеран во време на зголемени тензии меѓу двете земји поради иранската нуклеарна програма.