Вашингтон: Буш ќе стави вето на секоја мерка на Конгресот за брзо повлекување од Ирак

Белата Куќа соопшти дека претседателот Џорџ Буш ќе стави вето на секоја мерка на Конгресот со која се предвидува брзо повлекување на американските сили од Ирак. Претходно конгресмените од Демократската партија ги обелоденија предлозите со кои се бара до крајот на март идната година од Ирак да бидат повлечени американските борбени единици.