Бразил: Посета на американскиот претседател Џорџ Буш

Американскиот претседател Џорџ Буш пристигна во Бразил со што ја почна неколкудневната турнеја по земјите на Латинска Америка. Пред неговото пристигнување, бразилската полиција мораше да употреби солзавец за да ги растера антиамериканските демонстрации во Сао Паоло. По Бразил, Буш ќе престојува во Уругвај, Колумбија, Гватемала и Мексико.