Тетово: Свеченост по повод враќањето на контингент на АРМ

Во касарната Кузман Јосифовски Питу во Тетово денеска ќе се одржи свеченост по повод враќањето на контингентот на АРМ од мисијата во Авганистан. Станува збор за десетата ротација на нашите војници кои се дел од германскиот контингент. Командата на НАТО во Кабул искажа задоволство од високиот степен на професионализам на дваесетината војници на АРМ.