Јава: Најмалку 22-ца загинати во авионска несреќа во Индонезија

Најмалку 22 лица загинаа во авионска несреќа во Индонезија. Во авионот на националната компанија Гаруда имало 140 патници и тој се запалил додека слетувал на пистата на аеродром на островот Јава. Десетици се спасиле излегувајки преку помошните излези. Австралиската влада соопшти дека верува оти во авионот имало десет незјини официјални личности и новинари. Шефот на дипломатијата Александар Даунер изјави дека нема докази за саботажа и терористички напад.