Суматра: Најмалку 26 загинати во земјотрес што го погоди островот Суматра

Најмалку дваесет и шест лица загинале во земјотресот што денеска го погоди индонезискиот остров Суматра, јавуваат агенциите, повикувајќи се на локалните власти. Земјотресот бил со сила од шест запирка три степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓал дваесетина километри југозападно од градот Букатинги.