Техеран: Средба Калед Мешал и Махмуд Ахмадинеџад

Калед Мешал, лидерот на палестинската милитантна група Хамас денеска во Техеран треба да се состане со иранскиот претседател Махмуд Ахамдинеџад. Иран, е еден од главните подржувачи на палестинската влада предводена од Хамас откако Западот и ја укина помошта, бидејќи одбива да го признае Израел.