Кабул: Хамид Карзаи го осуди загинувањето на 10 цивили во борбите во градот Џалалабад

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска го осуди загинувањето на 10-мина цивили во борбите на американските сили со бунтовниците во градот Џалалабад. Карзаи наредил истрага за инцидентот за кој американските сили соопштија дека се случил кога талибански милитанти го нападнале нивниот конвој, а тие возвратиле. Во меѓувреме, во провинцијата Каписа регионалните власти соопштија дека 9-мина цивили загинале при воздушен напад на силите на НАТО.