Џалалабад: Напад на американски конвој

Американската армија соопшти дека најмалку осум авганистански цивили загинале, а 35 се повредени во самоубиствен бомбашки напад и напад со огнено оружје од страна на талибанските бунтовници врз американски воен конвој во авганистанскиот источен град Џалалабад. Американските војници одговориле на нападот. Инцидентот предизвика голем протест на населението во градот.