Њујорк: Генералниот секретар на ОН за климатските промени

Генералниот секретар на ООН Бен Ки Мун рече дека климатските промени предизвикуваат подеднаква штета во светот како и војните. Во неговото прво обраќање на оваа тема откако ја презеде функцијата во јануари, Бен рече дека климатските промени, како што се сушата и губењето на обработливата почва стануваат најголем поттикнувач на војните и судирите. Бен исто така ги повика САД да станат предводници на борбата против глобалното затоплување.